По потпишувањето на решението од страна на Министерот за здравство на Република Македонија Д-р Фатмир Меџити, М-р д-р Душанка Горгиева – Трпевски е назначена за в.д. директор на Општа болница со проширена дејност – Кочани.
М-р д-р Душанка Горгиева – Трпевски досега ги извршуваше работните задачи во Одделението за детска и превентивна стоматологија во Општа болница со проширена дејност – Кочани.
Горгиева е актуелен советник во Советот на Општина Кочани од редовите на СДСМ а воедно е и претседател на Форумот на жени при ОО на СДСМ – Кочани.
Инаку, Душанка Горгиева – Трпевски е магистер по здравствен менаџмент и доктор по детска и превентивна стоматологија.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ