Двајца членови на ПСК „Осогово“ од Кочани во периодот од 28 Јуни до 05 Јули ќе бидат дел од експедицијата „Алпи 2023“.
За прв пат оваа година експедиција од неколку искусни планинари од Македонија вклучувајќи ги и двајцата членови на ПСК „Осогово“ ќе се обидат да се искачат на повеќе врвови во Италија, Швајцарија и Словенија, односно за само три дена да освојат пет врвови од кои највисокиот врв во Италија „Gran Paradiso“ (4061), „Zumstaispitc“ (4563), „Signalkop“ (4554), „Balmerhorn“ (4167) во Швајцарија и највисокиот врв во Словенија „Triglav“ (2863).
Искачувањето на овие врвови за краток период ќе претставува голем подвиг за целокупната експедиција а посебно големо достигнувањето ќе биде за членовите на ПСК „Осогово“ кои достојно би ја презентирале Општина Кочани со ваков резултат некогаш направен како меѓу планинарските клубови во Македонија, така и пошироко.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ