Во организација на Боречкиот Клуб „Лирија“ од Скопје а со поддршка на Боречката федерација на Македонија денес во Спортската сала „Зеф Љуш Марко“ на програмата беше 9-тото издание на меѓународниот турнир во борење „Легендите на БК Лирија – Ментаз Алајбегу и Хајруш Синани“.
На турнирот право на учество имаа борачи родени 2010 -2012 (четири категории) и борачи родени 2007 – 2009 година (десет категории).
Борачите на „Спартак“ од Кочани на турнирот учествуваа со тројца натпреварувачи кои на крајот обезбедија два бронзени медала и едно петто место.
Со бронзени медали се закитија: Едис Билалов до 35 килограми и Филип Ангелов до 62 килограми. Третиот претставник на „Спартак“ Андреј Соколов во многу силна конкуренција го освои петото место.
С. Ивановски