Ова на фотографиите е отворената шахта улицата „Димитар Влахов“, поточно на тротоарот кај новите згради во близина на Обложувалницата „Моцарт“.
Минувачите со право реагираат бидејќи како што ни рекоа речиси две години ги известуваат надлежните за отворената шахта но од нив никој како да нема ниту слух ниту време да донесе еден капак и да ја затвори.
Сета среќа е што досега не се случил некој потежок инцидент па тогаш некој да го стави прстот на челото и да се запраша дали можело тоа да се спречи.
Инаку привремено истата се покрива со некои иструлени даски што не е никаква сигурност за минувачите.
Ја очекуваме реакцијата на надлежните.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ