ДВЕ ЛИЦА ЗАРАБОТИЛЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ НА МАРИХУАНА

јануари 31, 2022
0 минути

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.З.(21) од с.Зрновци, кочанско и Д.М.(30) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 23.11.2020 во близина на Градскиот плоштад во Кочани, полициски службеници кај Т.З. пронашле и одзеле марихуана, а  при претрес во домот на Д.М. , исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР