Само што добивме фотографии и клип направени на тротоарот на десниот кеј на реката веднаш спроти „Мултикултурниот центар“.
„Случајно минував и забележав како од еден мал отвор на самиот кеј од реката излегува змија. Таа можеби не е опасна, но сепак самата помисла дека овде минуваат и помали дечиња може да им внесе страв во коските. Сакам да упатам еден апел до моите сограѓани да бидат внимателни каде и кога се движат за да се избегнат несаканите последици“ е он што ни го напиша во пораката.
Порталот му благодари на совесниот граѓанин за информацијата.
С. Ивановски