ДВЕ ПРВИ И ЕДНО ВТОРОТ МЕСТО ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО НЕГОТИНО

септември 24, 2022
1 min read

Две први и едно второ место е билансот на тројцата борачи од БК „Спартак“ на денешното 9-то издание на Меморијалниот турнир во борење „Јован Димитров“ кој се одржа во Неготино.

Андреј Соколов (51 килограм) и Дарјан Павлев (57 килограми) се искачија на највисокото место на пиедесталот, додека Филип Ангелков беше втор во категоријата до 62 килограми.

Тројцата борачи кои се закитија со медали во Неготино беа предводени од тренерот Влатко Соколов и Гоце Ангелов.

С. Ивановски