КАДЕТИТЕ И КАДЕТИТЕ И МЛАДИНЦИТЕ НА „ОСОГОВО“ ПОУСПЕШНИ ОД ВРСНИЦИТЕ НА „СИЛЕКС“

Во Спорт
септември 25, 2022
0 минути

Две одлични фудбалски претстави одиграа екипите на „Осогово“ и „Силекс“ во рамките на 02. коло од Втората Младинска лига.

Во натпревар полн со неизвесност најпрвин славеа кадетите на „Осогово“ со 3:2. По првото полувреме младите „жетвари“ имаа солидна предност од 2:0, но добрите гости со подобра игра во вториот дел успеаја да дојдат до 2:2. Сепак немаа сили да го сочуват бодот бидејќи во финишот на средбата по една нафрлена топка примија и трет погодок и бодовите, први во годинешното првенство останаа во Кочани.

Во вториот натпревар каде се сретнаа истите екипи во категоријата „младинци“ играчите на тренерот Доминик Тенев  со одлична игра преку целиот натпревар ја потврдија победата од првото коло. Денес на стадионот „Никола Мантов“ младинците славеа со 3:0 (1:0) и со максимален број на бодови се во горниот дел на табелата.

Следен противник на кочанчани е екипата на „Ренова“.

С.  Ивановски