Во саботата Скопје беше домаќин на Првиот турнир од Државното првенство во гимнастика од „Б“ програмата.
Гимнастичарите на Кочани освоија вкупно едно прво и пет втори места од кои две втори во екипна конкуренција и едно прво и три втори места во поединечна конкуренција.

Во екипна конкуренција второто место го освоија во категориите:
Помлади пионерки и
Млади јуниорки

А во поединечна првото место го освои
Каталеа Петровска – категорија Помлади пионерки,
Додека второ пласирани се
Теодора Јанева – категорија деца до 7 години,
Ведрана Лазарова – категорија Млади Јуниорки и
Дамјан Ѓорѓиев – категорија Јуниорки
Вторите турнири од Државното првенство во гимнастика во „А“ и „Б“ програмата ќе се одржат на есен.



С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
