Во организација на Џудо Федерацијата на Македонија во Струга се одржа Државното првенство за млади пионери и сениори.
Во конкуренција на повеќе од 200 џудисти, Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани партиципираше со 11 натпреварувачи кои освоија 2 златни и 3 бронзени медали.
Андреа Стојанова и Милан Станоев се закитија со златни медали, додека бронзата се најде на градите на Габриел Станоев. Петар Новков и Ефтим Атанасов.
Преостанатите четворица се пласираа на 4-тото место а двајца беа 5-ти.
С. Ивановски