КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА САШО ЛАЗАРЕВ – ЧАПО

Во Спорт
јануари 30, 2022
0 минути

Утре (Понеделник) се навршуваат четириесет денови како засекогаш не напушти Кочанската кошаркарска големина  Сашо Лазарев – Чапо.

По тој повод неговите ученици од неколку генерации закажа  кошаркарски натпревар во негова чест.

Натпреварот започнува во 21:00 часот а на полувремето на истиот ќе има натпревар во шутирање тројки, најголемото „оружје“ на Чапо со чии удари многу често во очај ги доведуваше противничките екипи.

Салата ќе биде отворена за гледачи а влезот е слободен.

С. Ивановски