ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ И МЛАДИТЕ

септември 22, 2025
0 минути

По повод Европската недела на мобилност, а под мотото „Заедно градиме подобар пат“,  вечерва, 22 септември, на Споменикот на слободата во Кочани, Општина Кочани во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата организира квиз на тема „Мобилноста и сообраќајот“.

Натпреварувачката атмосфера меѓу учениците од двете средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ ќе биде збогатена и со настап на млади кочански музички уметници.

Настанот започнува во 20:30 ч.

Со оваа активност завршува одбележувањето на Европската недела на мобилност чија цел е подигање на јавната свест за одржлива урбана мобилност.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ