ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

декември 25, 2023
1 минути

Општина Кочани отуѓува осум парцели државно градежно земјиште

Општина Кочани ја распиша 38. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба осум градежни парцели, сите со намена индивидуално домување.

Четири од парцелите се наоѓаат на улицата „Февруарски поход“, а по две се на улиците „Митко Тодоров“ и „Пиринска“. Површините се движат од 178 до 325 м2.

Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање е до 15 јануари 2024 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 17 јануари.

Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.

Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ