ФИЛИП МИТЕВ И НИКОЛА ДИМИТРОВ КАНДИДАТИ ЗА ВО СОСТАВОТ НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА У-16

Во Спорт
јули 3, 2025
1 минути

Филип Митев и Никола Димитров некогашните играчи на „Фудбал Старс“ од Кочани кои во овој преоден рок се приклучија на екипата на „Брера“ од Струмица, денес беа дел од повеќето од четириесет повикани играчи за селектирање на Фудбалската Репрезентација на Македонија У-16.

Двајцата денес на терените на ФФМ одиграа по еден натпревар по кој селекторот ќе има појасна претстава со каков играчки фонд располага и кои играчи ќе бидат во потесниот круг за состав на  Фудбалската Репрезентација на Македонија У-16.

Дознаваме дека според играта што ја прикажаа, двајцата по сите параметри треба да се најдат во потесниот круг, но сепак последниот збор ќе го даде селекторот на Репрезентацијата У-16 со своите соработници.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ