ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ – МЕЧ ТОПКА ЗА ЖФК „КОЧАНИ“

Во Спорт
мај 19, 2023
1 минути

Утре (Сабота) со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 20-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ ЖФК „Кочани“ ќе ја дочека екипата на „Борец“ од Велес единствениот конкурент во борбата за опстанок. Велешанки на три кола до крајот на првенството имаат предност од еден бод и само победа на девојчињата од Кочани им гарантира и дека и следната година ќе се натпреваруваат во првата лига.

Дерби натпреварот се игра во Струмица каде домашната „Тиверија“ го дочекува еден од аспирантите за шампионската титула, екипата од Македонска Каменица.

Во Тетово се игра локалното дерби, а во Струга гостува екипата на „Скопје 2014“. Истатовки патуваат во Речица.

Двојки за 20-тото коло:

„Кочани“ – „Борец“

„Ас Јунајтед“ – Скопје 2014“

„Речица“ – „СЦ Истатов“

„Љуботен“ – „Шкендија“

„Тиверија“ – „Каменица Саса“

Слободна во ова коло е екипата на „Деспина“.

С.  Ивановски