Додека живата во термометарот од ден на ден е се повисоко жителите на Кочани бараат спас во некакво разладување. Веќе напишавме дека базенот и годинава нема да работи, но загрижува и податокот што фонтаните и чешмите и понатака не работат.

Платото на фонтаните е суво како барут па голем број на граѓани си прават шеги за тоа. Некои велат дека од КЈП „Водовод“ водата ја штедат, други дека уште важи договорот Општина Кочани да дава вода на Општина Чешиново-Облешево, некпои дека менаџерскиот тим од комуналното претпријатие не знае да се снајде со ваква состојба а други пак одат и до таму што предлагаат за време на Петровденските празници на површината на фонтаната во „Паркот на Револуцијата“ од Општина Кочани да организираат турнир во „пртни пира“, ластик или во „момичка“, за да не рече некој дека за ништо не се користи.

Шегата на страна, сакале или не од КЈП „Водовод“ мора да најдат начин што поскоро да пуштат вода и во фонтаните и во градските чешми бидејќи таа им е потребна на луѓето по овие горештини за момент да можат да се разладат.
И додека надлежните мудруваат и бистрат политика, додека некои медиуми потсетуваат за проблемот, другите си молчат и затоа најубаво си поминуваат и кај Градоначалникот и кај менаџерскиот тим од КЈП „Водовод“.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
