САМОВОЛИЕТО ПРОДОЛЖУВА

август 3, 2022
0 минути

Како што не информира наш читател пред дваесетина минути кај „Градскиот Плоштад“ пред обложувалницата „Моцарт“ фрлено е ова што е на фотографиите.

Самоволието на поединци продолжува со забрзано темпо.

КЈП „Водовод“ ќе собере и ова, но граѓаните треба да знаат дека за собирање на ваков отпад ќе треба посебно возило затоа и минатиот состав на Советот на Општина Кочани донесе одлука сите граѓани кои сакаат да исфрлаат шут или смет ќе мора да се јават во КЈП „Водовод“ кои ќе го соберат и бесплатно ќе го однесат на депонијата.

Ништо страшно, само треба малку да се помисли и ништо повеќе.

С. Ивановски