КОЧАНЧАНЕЦ ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПОРАДИ ПОСЕДУВАЊЕ ОРУЖЈЕ БЕЗ ДОЗВОЛА

мај 19, 2023
0 минути

На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ