Онака како што и беше најавено, денес во 18:00 часот Шефот на стручниот штаб на ГФК „Осогово“ Ефтим Аксентиев и тренерот на голманите Јоже Јованов заедно со 17 играчи колку што во моментот присуствуваа на тренингот ги започнаа подготовките за претстојните натпревари во Трета Фудбалска Лига – Исток.
Според збировите на Аксентиев подготовките ќе се реализираат на теренот на стадионот „Никола Мантов“, најпрвин на физичка издржливост, потоа техничко тактички дел и одигрување на неколку контролни натпревари.
Засега се договорени две контролни средби, едната е со „Каменица Саса“ а другата со „Борец“ од Велес, но термините ќе треба дополнително да се усогласат.
С. Ивановски