По многу препирки и неизвесности конечно е донесено решение новоформираната Втора Фудбалска Лига за жени да стартува во Сабота (06.11.2021).
Во новоформираната Втора Фудбалска Лига за жени годинава ќе се натпреваруваат 10 екипи, а биејќи почетокот на сезоната доцни, планирано е во есенскиот дел да се одиграат натпреварите до 7-мото коло, а на пролет да се стартува со 8-то.
Во првото коло некогашниот Шампион на Македонија и двократен освојувач на Купот на Македонија ЖКК „Кочани“ ќе биде домаќин на екипата „Интернационал“.
Двојки за првото коло:
„Кочани“ – „Интернационал“
„Кул Здравје“ – „Џи–Џи“
„Тиквешанка СМ“ – „Победа Валандово“
„Плачковица„ – „Порече 2015“
„Билјанини Извори“ – „Паун 2021“
Натпреварот во Кочани се игра во Сабота со почеток во 13:30 часот.
С. Ивановски