Дваесет и шест шахисти од Кочани и околните општини одиграа седум кола по Швајцарски систем од по 10 минути на петтиот по ред Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ кој Шаховски Клуб „Кочани“ го организираше во знак и сеќавање на некогашниот член на ШК „Ленин“ а подоцна и ШК „Кочани“ и воедно некогашен Претседател, Тодор Милосиев – Тошо.

Шахистите од различни генерации меѓу кои и Емануел Ангеловски член на Шаховскиот Клуб „Зебах“ од Цирих (Швајцарија) одиграа доста интересни и содржајни партии.

По седумте одиграни партии со 6,5 освоени поени победник на годинешниот турнир е Гоце Ѓорѓиев, Второто место му припадна на Емануел Ангеловски со освоени 6 поени а третово место на Влатко Јовановски со освоени 5 поени. Пет поени освои и Меџит Куртовиќ но според Бухолц правилото беше одреден третопласираниот.

Победникот на турнирот од организаторите доби пехар кој му го врачи Градоначалникот на Општина Кочани Влатко Грозданов, додека плакетите за освоено второ и трето место ги врачија Благој Ситновски – Претседател на ШК „Кочани“ односно Марија Георгиева ќерка на Тодор Милосиев – Тошо..

Турнирот одлично го организираше Шаховскиот Клуб „Кочани“ – Кочани заедно со членови од семејството на Тодор Милосиев – Тошо а покровител на истиот беше Општина Кочани.




С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
