ДЕБИТАНТСКИ ГОЛ ЗА ЈОВАН МАНЕВ

Во Спорт
август 15, 2022
0 минути

Јован Манев го постигна дебитантскиот гол во новата средина, откако на почетокот на летниот преоден рок синиот дрес на Штипска „Брегалница“ го замени со оној на Турскиот прволигаш „Адана Демирспор“

Додека Манев ја чека својата шанса за настапот во Супер лигата на Турција тој паралелно настапува во т.н. Резервна лига на премиерлигашите.

Во неделата „Адана Демирспор“ со 3:1 славеше над екипата на „Сиваспор“ а стрелец на првиот погодок за домаќините беше нашиот Јован Манев.

Инаку Манев во првите две кола во Супер лигата на Турција седеше на резервната клупа.

Ајде Јован, одиме понатака.

С. Ивановски