ГОДИНЕШНИОТ ТУРНИР ВО БАСКЕТ „3 Х 3“ ЗА ЕКИПАТА НА „ФУРИЈА БИТОЛА“

септември 9, 2024
1 минути

По тридневни возбудувања на заградениот терен за кошарка во дворот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, синоќа заврши вториот по ред Турнир во баскет „3 х 3“.

 

За разлика од минатата година на годинешниот турнир се пријавија екипи и од други општини во Македонија што даде посебна убавина на турнирот и наиде на одобрување на љубителите на кошарката.

Синоќа во борба за првите три места се најдоа четирите најдобри од повеќето добри екипи.

Во Големото финале „Фурија Битола“ го совлада „Кино Влае“ 18:16, додека во малото финале (борба за третото место) екипата на „Мр. Блек“ загуби од „Дружината на Вацко“ 13:16.

Би биле неправедни кога не би го спомнале ентузијазмот на младите момчиња од Кочани: Љубомир Игнатов, Марко Коцев и Филип Димитријев кои како главни организатори на турнирот повеќе од две седмици работеа се да биде во најдобар ред за на крајот најголемиот аплауз е упатен токму за нив кои направија овој турнир да тече беспрекорно, а по завршувањето на забавата со Тони Зен се потрудија теренот да го остават во подбор издание отколку пред тоа.

Секоја чест на овие тројца момчиња кои со асистенција на други нивни пријатели покажаа дека Кочани има иднина кога младите луѓе се во прашање. Тие на градот и на нивните сограѓани сакаа да им подарат една прекрасна забава,, а кога забавата ќе се поклопи со денот на ослободувањето на Кочани и Денот на самостојноста на Македонија тогаш се е за највисока оцена.

Благодарност за трите прекрасни денови што им беа подарени на жителите на Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ