ДЕЧИЊАТА ОД ПДГ „АМИЧИ“ И ХОРОТ ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ДЕЛ ОД ЗАВРШНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „НОВОГОДИШЕН БАЗАР“

декември 30, 2022
1 минути

Распеаните и насмевнати дечиња од ПДГ „Амичи“ од Кочани заедно со хорот од ООУ „Никола Карев“ од Кочани денес беа дел од завршната културно-забавна програма која во склопот на годинешниот манифестација „Новогодишен базар“ се одржа во „Паркот на Револуцијата“.

Дечињата им пееја, им се смееја и им мавтаа рачиња на сите оние кои што по сончево и прекрасно време дојдоа на овој настан кој во пресрет на новогодишните празници му даде еден посебен белег на Кочани.

И оние кои сето ова што денес се случуваше пред неколку дена го критикуваат и беа едни од најголемите скептици, денес можеа со насмевки на лицата да се видат во центарот на забавата, во „Паркот на Револуцијата“.

Изминатата седмица токму овде во „Паркот на револуцијата“ му се случија многу убави нешта на Кочани кои ќе бидат еден убав терк за вакви и слични организации и во наредните години.

Нека ни е Среќна новата 2023 година, порачаа сите учесници на денешниот настан.

С. Ивановски