ГОРАНЧО ГЕОРГИЕВ НАЗНАЧЕН ЗА ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ГФК „ОСОГОВО“

Во Спорт
септември 3, 2024
1 минути

Денес во просториите на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, ГФК „Осогово“ го претстави новиот шеф на Стручниот штаб.

Се работи за познато име во фудбалот. Односно за Горанчо Георгиев кој најпрвин како играч настапуваше во „Осогово“ а потоа и во „Силекс“, „Работнички Кометал“, „Шкендија“, „Брегалница“ (Штип) и „Победа“ (Прилеп), а беше и член на сениорската репрезентација на Македонија.

Георгиев доаѓа на кормилото на ГФК „Осогово“ по лошиот сѕарт на првенството каде под водство на Добринко Илиевски кочанчани освоија само еден бод во изминатите три кола од кои две ги одиграа како домаќини.

Денес попладне Горанчо Георгиев ќе биде претставен на играчите на „Осогово“ а веќе во Сабота  „жолто-сините“ ќе го одиграат и пријателскиот натпревар против „Брера“ во Струмица.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ