Во тек се градежни работи од двете страни на Кочанска Река, во близина на Градскиот пазар.
Се работи на ископ на тротоарите на улицата „Гоце Делчев“, а КЈП „Водовод“ изработи шахта за премин на водоводната линија преку реката. Улицата „Гоце Делчев“ ќе биде рехабилитирана во должина од 690 м.
На ул. „Борис Трајковски“ се поставуваат улични рабници и павер елементи, а на тротоарите се засадуваат дрвца.
Градежните работи на двете улици ги изведуваат „Ескаватори МК“ и „Ескаватори Косово“.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ