ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ НА СРЕДБА СО МЛАДИОТ БОРАЧ ДАРИЈАН ПАВЛЕВ И СО РАКОВОДСТВОТО НА БК „СПАРТАК“

ноември 28, 2025
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претседателот на Советот на Општина Кочани Александар Андов остварија средба со младиот кочански борач и носител на бронзен медал од Балканското првенство, Даријан Павлев, како и со претставници од раководството на Борачкиот клуб „Спартак“.

На средбата беа истакнати значајните резултати што Павлев ги постигна во последниот период, особено успехот на балканската сцена, со што достојно го претстави Кочани и БК „Спартак“. Градоначалникот му честиташе за овој важен спортски успех и го охрабри да продолжи со напорна работа и спортска дисциплина.

Претставниците на клубот говореа за тековните активности, плановите за развој на младите борачи, како и за потребите на БК „Спартак“ за подобрување на условите за тренинг и понатамошен спортски напредок. Грозданов изрази подготвеност Општина Кочани да ги разгледа можностите за поддршка на клубот, со цел да се создадат подобри услови за младите таленти и развој на борењето во градот.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ