ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ЗА ПОВЕЌЕКРАТНИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

март 14, 2024
0 min read

Во пресрет на 17 Март – Денот на крводарителството во Македонија, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием на претставници на Општинската организација на Црвен крст – Кочани и повеќекратни крводарители.

– Ова е традиционална средба со кочанските крводарители на која разговараме за тековните состојби, предизвиците и плановите за работа во следниот период. На тој начин ја изразуваме нашата поддршка кон оваа значајна организација и кон крводарувањето како хуман чин – истакна градоначалникот Папазов.

– Ова е уште една форма на промоција на крводарителството, почит и благодарност кон сите што дарувале од својата драгоцена течност и на тој начин спасиле живот –  нагласи Анета Коцева, секретар на кочанскиот Црвен крст.

На средбата присуствуваа кочанци кои дарувале крв и повеќе од 100 пати. Тие што дарувале 100, 75 или 50 пати, на свеченоста по повод Светскиот ден на крводарителството, ќе добијат признанија.

Изминатата година Црвен крст – Кочани има реализирано 19 крводарителски акции и собрано 1006 крвни единици.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ