ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ УЧЕСТВУВАШЕ НА МЕЃУРЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И КЛИМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

март 27, 2023
0 min read

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов беше дел од македонската делегација која деновиве во Истнабул, Турција, учествуваше на конференцијата на тема: Меѓурегионалната размена за управување на повеќе нивоа во енергетиката и климатското планирање. Настанот беше организиран во рамките на 18. Генерално собрание на НАЛАС, со финансиска поддршка од ГИЗ.

Настанот произлегува од целите на Стратешкиот план на НАЛАС (2023 – 2027), меѓу кои е и таа да ги поддржи општините од Југоисточна Европа да прераснат во одржливи, паметни, инклузивни и еластични места за живот. За да се постигне ова, особено важно е енергетското и климатското планирање на локално ниво.

Во рамките на настанот беше одржан и форумот на тема: Унапредување на човечките капацитети во секторот за вода и санитација за позелена Југоисточна Европа, организиран од ГИЗ во рамките на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општинските услуги, во соработка со НАЛАС.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ