ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ДОБИ ПЛАКЕТА ЗА ПОДДРШКАТА И РАЗВОЈОТ НА РАБОТИКАТА

март 3, 2025
1 минути

На Државниот натпревар по роботика што се одржа на 1 март во Скопје, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов доби признание за поддршка на развојот на роботиката, како инвестиција во иднината, во децата, во идните генерации инженери, научници и визионери.


На натпреварот на кој учествуваа 23 екипи, од кои 16 од основни училишта од државата  учесниците, меѓу кои беа тимовите од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и  „Никола Карев“ и од едукативниот центар „STEM Роботика“ – Кочанисе работеше на иновативни решенија за зачувување на океаните.


Државниот натпревар по роботика беше организиран во соработка со Академијата за роботика и иновации, како регионален партнер за натпреварите во „First Lego League“ во Македонија.


Соработката на Општина Кочани со Академијата за роботика и иновации се заснова на потпишаниот Меморандум, којшто ја одразува заедничката визија за иднината на младите, за креативно и иновативно општество во коешто тие се двигатели на позитивни промени и економски раст.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ