ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ГО ЧЕСТИТА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН

август 1, 2024
0 min read

Со посебен пиетет се навраќаме кон херојството на востаниците што ја создадоа Крушевската Република и на втемелувачите на слободната македонска држава од Првото заседание на АСНОМ.

Славејќи го Илинден – најголемиот македонски празник, годинава одбележуваме 121 година од славното Илинденско востание и 80 години од Првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија.

Возвишените илинденски чувства ги чуваат вековните стремежи на Македонија за слободен народ во своја држава и идеалите на илинденците за воспоставување поправедно општество.

Илинден нека остане наша водилка кон просперитетна, успешна и напредна Македонија.

Нека ни е честит Денот на Републиката и нека ни е вечна Македонија!

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ