Традиционално, на вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ, во црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани се одржа свечена празнична литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Меѓу големиот број верници, на богослужбата беше и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. По завршувањето на литургијата, градоначалникот им го честита големиот христијански празник Божиќ на сите православни христијани, упатувајќи порака на мир, љубов и заедништво.
– Божиќ е празник на светлината, надежта и на човечката добрина. Христовото раѓање нека донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом, а во нашата заедница повеќе солидарност, разбирање и меѓусебна почит. Да ги чуваме традицијата и духовните вредности што нè обединуваат и нè водат напред – порача градоначалникот Грозданов.
Празничната атмосфера во храмот беше исполнета со молитва и духовна радост, во духот на божиќното славје и вековната православна традиција.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
