ГРАЃАНИ ПОРАЧУВААТ: НИКОГО НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ТОЛЕРИРАМЕ

март 21, 2025
0 минути

Добиеното писмо со неколку фотографии не сакавме да го објавиме во изминатите два дена од почит кон сите наши сограѓани.

Писмото со четири фотографии ни го испратија како што наведуваат група на граѓани кои како што пишуваат од сега нема да толерираат никакво безвластие во општината. Како што истакнуваат се ќе фотографираат што е според нив неисправно со цел да почнат службите да си ја работат работата како што е запишано во законите.

„Почитувани, после оваа огромна трагедија во која секој од нас по некого загуби решивме да почнеме да работиме против аномалиите во системот, односно без толерирањето на поединци за нивното однесување. Така решивме, а од вас како медиум бараме соработка која се надеваме дека ќе ја подржите. Еве ви испраќаме четири фотографии направени пред училиштето Раде Кратовче. Улицата Борис Трајковски се реновираше, се постави и нов асфалт а и сообраќајниците одлично се обележаа. Сето тоа е добро, но не е добро што некој една од лентите за нормално движење веќе ја искористува како паркинг простор иако според стрелките не е предвиден тој простор за паркирање. Сакаме фотографиите да бидат добро погледнати од оние кои треба да изрекуваат казни. Овие две големи возила нека си најдат државен или приватен паркинг простор за да се паркираат а не да заземат една цела лента. Надеваме се на експресна реакција од институциите. Доколку и во следниот период истото се повтори нашата реакција освен до вас ќе ја испратиме и до надлежните Министерства. Ова не е закана од нас, ова е да помогнеме во градот да почне да функционираат оние кои ги плаќаа народот. Ги повикуваме и другите граѓани да се охрабрат и да го следат нашиот пример за да не ни се повтори никогаш она што изминатите денови го доживеавме. Се надеваме дека и текстот и сликите ќе бидат објавени“.

Група граѓани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ