Се поголем е бројот на наши сограѓани кои речиси секојдневно испраќаат информации за напад од кучиња скитници или за вознемиреност посебно кај децата од глутниците кучиња кои се повеќе ги има на улиците во градот.
Пред неколку дена наш сограѓанин бил нападнат од неколку кучиња скитници во „Паркот на Револуцијата“. Има неколку угризи по телото за што морал да побара итна медицинска помош. Деновиве оди на контроли во медицинските установи од други општини бидејќи како што истакна кај не може да ги направат тие анализи. Уредно ја собира документацијата и како што истакна случајот ќе има судска разрешница
Во вторникот двајца наши сограѓани се пожалија дека додека возеле велосипеди по улицата „Димитар Влахов“ биле нападнати како што истакнаа од повеќе кучиња.
Во текот на вчерашниот ден во Крушарската улица во непосредна близина на поштата мајка со две деца била нападната од две кучиња, но благодарение на присебноста на минувачите кучињата биле изгонети.
До кога ќе се чека да се реши проблемот со кучињата скитници ној веќе не е само проблем туку и опасност по сите оние кои се движат надвор од своите домови.
Дали луѓето треба да се затворат во своите домови или пак самите треба да ја преземат правдата во своите раце е прашањето кои секој оној што имал проблем со куче скитник си го поставува.
Да се реши проблемот што побргу за да утре не биде веќе доцна.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ