ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ СО МИРЕН ПРОТЕСТ ГО ИЗКАЖАА НЕЗАДОВОЛСТВОТО ЗА ДОТУР НА СМЕТ НА ДЕПОНИЈАТА ОД ДРУГИТЕ ОПШТИНИ

декември 23, 2024
0 минути

Мирен и достоинствен протест денес одржаа граѓаните на Кочани незадоволни од непочитувањето на Одлуката на Советот на Општина Кочани за забрана на дотур на смет на Градската депонија во Кочани од соседните општини.

Под мотото „Ние, за нашите животи – против демоцидна депонија“ поголем број на жители на Кочани и покрај работниот ден е терминот кога повеќето од жителите на Кочани се на работните места  се собраа во мошне голем број кај кружниот тек кај двата моста во Кочани и го искажаа својот револт.

По околу еден час протест групата замина пред зградата на Локалната самоуправа за да ги потсетат надлежните дека одлуката на Советот е валидна и дека никој нема право истата да ја опструира.

По завршувањето на протестот мирно си заминаа во своите домови.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ