Почитувани пријатели, почитувани читатели,
По речиси половина година како администратор на порталот сакам повторно да Ве замолам за пристојност при давањето коментари со што би го сочувале дигнитетот на страната.
Иако досега неколкупати Ве имам замолено, иако во последните неколку месеци околу 200 читатели ги имам блокирано, дел од Вас, од вистински или од лажни профили продолжуваат со непристојни коментари и вулгарни зборови да си ги лекуваат комплексите. Немајќи храброст по се изгледа некому во лице да му кажете што мислите за него Вие продолжувате да го злоупотребувате просторот за коментари кој ви го отстапуваме.
Во последно време нема да се напише некаква објава а да не се меша политика, да не се споменуваат личности за што треба и не треба се со цел некој да се дискредитира или омаловажи пред јавноста иако за такво нешто не верувам дека има докази.
Еве ја користам оваа прилика уште еднаш да Ве ЗАМОЛАМ да не ја злоупотребувате страната за лични пресметки, навреди и пцости кон која и да е личност. Секој коментар од ваков вид било од вистински, било од лажен профил не само што ќе биде ИЗБРИШАН, туку и неговиот автор ќе биде БЛОКИРАН.
Се надевам дека сепак, ќе продолжиме и после петнаесет години да се дружиме на начин каков што доликува.
Со поздрав и почитување
С. Ивановски
www.komarec.com.mk