РЕАКЦИЈА НА ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“

февруари 20, 2024
1 минути

Дел од жителите на улицата „Раде Кратовче“ од Кочани испратија фотографии со допис до редакцијата на komarec.com.mk во кој се вели:

„Не бараме ништо повеќе од општината туку  да ја врати старата состојба на дел од нашата улица Раде Кратовче. Минатото лето се вршеа одредени градежни активности како и поправки на водоводната мрежа на нашата улица. Се ископа дел од асфалтот се фрли некоја количка песок и се остави до ден денес непокриена. На улицата е направ вдлабнатина која  ги оштетува возилата кога ќе поминат низ неа. Бараме од надлежните да најдат начин и да го санираат она што тие го направија и така недовршено го оставија. Се надеваме дека ова сепак ќе допре до надлежните и дека улицата ќе биде речиси иста каква и што беше пред тие да ги направат градежните активности“.

Група на жители од Улица раде Кратовче  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ