Само неколку минути откако ја објавивме информацијата дека Комуналните служби на Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани исчистија повеќе мали депонии на неколку локации наши сограѓани ни испратија две фотографии со коментар:
„Добро е што направиле акција за расчистување на мали депонии во дел од градот и околината но јавно прашуваме, кој ќе ја изчисти ова мала депонија која е на паркиралиштето кај улицата Стево Теодосиевски. Овој контејнер не се собира редовно па жителите од овој простор го фрлиле сметот на долниот дел, односно на паркиралиштето а не на тротоарот. Знам дека не е во ред овде да се фрла ѓубрето но каде кога контејнерот стои постојано полн. Очекуваме да ни одговорат и од Општината и од Водовод“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ