ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈА: ЌЕ СТАВИ ЛИ НЕКОЈ КРАЈ НА ИНВАЗИЈАТА ВО КОЧАНИ?

август 24, 2025
0 минути

Се повеќе граѓани реагираат на зачестениот број дивоградби на периферијата на градот како и населувањето на диво од другите општини. Наш сограѓанин видно револтиран ни испрати фотографија а во неговата реакција стои:

„Знам дека судовите и полицијата како и градежните инспектори со години не реагираат кога е во прашање дивото населување и никнувањето на дивоградбите во Кочани. Фотографијата што ви ја испраќам и сакам да биде приложена со текстот е на риот позади некогашната касарна поточно каде сега е сметена противпожарната служба. Претежно се населуваат роми од сите општини во државата а за тоа никој ниту се интересира ниту сака ред да стави. Погледнете освен дивоградбите фрлаат смет каде ќе им текне бидејќи знаат дека овде нема кој да го собере. Уште им плаќаме струја на оние во старат касарна кои вода не плажаат исто така, а дивоградбите се со приклучоци на диво исто како и куќите. Кражбите се секојдневие од нивна страна. Немаат документи и не се знае кој треба да се гони. Ако ти влезат во домот или дворот и украдат нешто од полицијата не ти дозволуваат да ја земеш правдата во свои раце а судовите обично реагираат дека тоа се малолетни лица. Кога ќе покажеме доказ од снимки од камерите изговорот е дека камерите не се доказен материјал, Значи ако нема сведоци и арамијата си го добие заслуженото нема да можат да не гонат бидејќи секој секого може да обвини дека го нападна. Апелираме полицијата и судовите како и градежните инспектори да си ја вршат работата за која ги плаќаме ако не нека го напуштат работното место бидејќи не се кадарни за таа функција. Апелираме до партиите, да реагираат за дивото населување  и дека не им се поважни 50 гласови од мирот што треба да го имаме. Апелираме до населението во Кочани да започнеме иницијатива за собирање што повеќе потписи за да сите вака населени бидат избркани од општината бидејќи ова не е населување ова е инвазија. Верувајте ако сега не ги спречиме утре како бумеранг ќе ни се врати. Благодариме  за објавата“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ