ГРАЃАНСКИ ДИЈАЛОЗИ ЗА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ ВО КОЧАНИ

октомври 6, 2023
1 минути

Како дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, Цивил – Центар за слобода,  во соработка со Општина Кочани организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: предизвици и решенија“.

Во присуство на претставнички и претставници на здруженија, локални институции, на бизнис-секторот, политички партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани, се дебатираше за  актуелните предизвици и состојби во Кочани, а свое излагање на темата имаше градоначалникот Љупчо Папазов.

Проектот „Заедно за подобра иднина“ е посветен на промоцијата на мултикултурализмот и вклучува низа активности за поттикнување на позитивни промени во општеството и мотивирање на заедниците да работат заедно за подобра иднина.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ