ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО: ДА НЕ НИ СЛУЧИ ПОСЛЕ ПУЛС ТАКСИ ВОЗИЛА

Наш читател ни испрати допис во кој може да се види дека е згрозен од услугите а и од безбедноста кај некои такси возила. Текстот ви го пренесуваме во целост а во истиот се вели

„Почитувани, најпрвин би ве замолил да го објавете моето писмо бидејќи истото е со предупредувачки карактер. Пред три месеци за жал ни се сучи Пулс каде сите знаеме што загуби градот и државата но ако се продолжи вака односно системот да не сака да реагира нема да биде далеку кога ќе ни се случи „такси возила“. Мојот страв е од причина што веќе некој период се соочувам со лоши услуги од некои такси превозници. Да се разбереме не се однесува на сите но верувајте имам лошо искуство со повеќемина. Знаеме во Кочани колку компании дават услуги и со колку возила располагаат а исто така знаме дека има такси возила каде никаде не се регистрирани. Па тоа во градот сите го знаат. Но да не должам. Значи вака сведок сум како корисник на такси услуги да се возам во возила кои немаат никакви внатрешни хигиенски услови, сведок сум да се возам со неисправни возила кое се осеќа при возењето и кочењето, сведок сум да се возам во возила со скршени седишта, врати кои од внатре не се отвараат, сведок сум на возење со некултурни возачи кои за време на возењето или пушат цигара или разговараат на мобилен телефон и возат со една рака без концентрација и ако им укажам на тоа безобразно се однесуваат. Да биде трагедијата поголема ниту едно возило нема таксиметри вклучени и секој на своја рака наплаќа. Се случувало од иста компанија за исто растојание да се наплатува различно. Можеби тие десет или дваесет денари не се голема пара но тоа е од причина што нема таксиметри а парите се мои. Преку ова писмо ги замолувам полицијата да почне да врши што повеќе контроли а компаниите кои вршат технички преглед да не прогледуваат на никој низ прсти. Верувајте страв ми е бидејќи и младите користат такси превоз мислејќи дека е се во ред со возилата. Па така се мислеше и за дискотеката па се случи тоа што никогаш да не се повтори. Се надевам дека ова мое писмо ќе дојде и до надлежните и дека ќе има брзи реакции, бидејќи секое доцнење може да се случи како задоцнето. Благодарам што ќе го објавите писмото“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ