До нашиот портал стигна допис од наш читател инаку како што наведува, вработен во КЈП „Водовод“ – Кочани кој е загрижен за големите долгови на КЈП „Водовод“ но кој што посочува дека доколку се утврди она што извесен период се зборува меѓу вработените во претпријатието дека долгот може и да се намали. Текстот Ви го пренесуваме во целост.
„Како вработен во комуналното претпријатие Водовод ќе почнам со обично прашање кое не засега нас вработените а тоа е дали сите бизнисмени кои имаат изградено и работат со објектите во индустриската зона а користат вода имаат поставено водомери. Кај нас подолго време во претпријатието онака тивко меѓу себе зборуваме дека некои објекти по се изгледа немаат поставено водомери и тоа е тајна, а како наплаќаат и што читаат инкасаторите е мистерија. Претпријатието сите знаеме дека има големи долгови а ако е истина ова што се шепоти тогаш треба некој да реагира. Го гледам вд градоначалникот како е решителен за вакви неправилности па го повикувам тој, нашиот моментален директор по еден преставник од двете најголеми партии во совето, инкасаторите и адвокатот кој сигурно го има претпријатието и го плаќа да појдат од објект до објект и да ја проверат оваа информација дали е точна или е обична шпекулација. Ако се докаже дека е точно да се најде начин тие газди да си ги платат долговите и јас барем така мислам ќе се намали долгот и дека ќе испливаме од долговите. Вака ако се продолжи само долговите ќе се натрупуват. Надевам се дека моето име ќе остане непознато за јавноста, оти работам во Водовод и да не ми се направи некој проблем. Јас само го пишувам тоа што кај нас скоро година дена се зборува ама тивко оти никој не смее да се истрча. И јас не тврдам ништо само сакам да се провери ако се има желба а ако не здравје“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ