Наш читател ни испрати допис со следната содржина која ви ја пренесуваме во целост.
„Почитувани, пред неколку денови ВД Градоначалникот излезе во јавноста со загрижувачки бројки за задолжувањето во кое е потонато јавното претпријатие Водовод во Кочани. Беа изнесени милионски суми и беше кажано дека претпријатието е во блокади од извршители и не може да функционира. Исто така беа изнесени долговите на локалните училишта кон Водовод кои исто така се милионски. Беше најавена и департизација на прептријатието која сите ние граѓаните ја очекуваме со децении, бидејќи не може да плаќаме партиски лепачи на плакати кои не одат на работа со наши пари.
Градот во изминатите месеци се соочува со секојдневно неконтинуирано изнесување на ѓубрето. Секојдневно сме сведоци на полни контејенри по улиците на нашиот град. Освен ова отпадот од домаќинставата не се изнесува со месеци, па граѓаните со право реагираат. За сето ова време новиот ВД Директор кој е поставен, се нема јавено во јавноста со никаква реакција иако доаѓа токму од делот за градска чистоќа и таму работел 20 години.
Наспроти катастрофалната ситуација во комуналното претпријатие, на следната седница на Советот на Општина Кочани како 38 точка е закажана точката за покачување на платата на сите вработени во Водовод. Дали поместувањето на точката за покачување на платата на вработените намерно се поместува кон крајот за да помине без реакции од граѓаните?
Ние како граѓани се прашуваме дали сега е време за покачување на платата на сите вработени, кога прептријатието е блокирано од извршители, потонато во долгови? Дали ние граѓаните ќе го платиме и ова покачување на платите со покачување на нашите сметки за вода за партиските лепачи на плакати?
Се надевам дека ќе ја објавите оваа моја граѓанска реакција.“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ