Жителите од улицата „Александар Македонски“ со апел ди надлежните во општината од кои бараат едноставно да им помогнат за да и тие имаат услови за подобар живот во 21 век, онаков каков што имаат поголемиот број на жители. Текстот го објавуваме во целост, онаков каков што заедно со фотографиите го имаме добиено.
„Пак ние од улица Алексндар Македонски со проблем. Порано имавме проблем со дупнато црево, го решија тој проблем благодарни сме за тоа, но даваа ветувања дека ке стават бетон, поправка на дел од патот, дека ке го направат црниот пат со бетон, но од тоа нема ништо. Започнаа да бетонираат од спротивна страна пред некоја година- онаму каде никој не се движи со возило, а ние со надеж дек целата патека од некој 300 метри ке биде направена но залудно. А дотаму носејки материјал (бетон) го упропастија веке постојачкиот пат почнувајки од ул Јане Сандански па се до улицата Александар Македонски. Баравме од институциите да дојдат да погледнат и да поправат дел од патот. Се надевавме дека ке го санират целиот, даваат сите ветувања а на дело никој не прави промена. Патот е уништен, небезбеден за возење, си бара соодветна реконструкција или делумно крпење (кое трае недела до две). Овој проблем е стар, но од ден во ден станува поголем и поголем проблем/ Во прилог ви ги пракам сликите. Ние сме веќе помирени со непревземањето на мерки, но сепак имаме капка надеж дека надлежните може ке го разберат проблемот и ке превземат мерки, ви благодарам доколку го објавите нашиот апел. Ви пишувам во име на повеќе грагани кои сме засегнати со овој проблем“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ