Во организација на Клубот за планинарски спортови „Осоговоски Орел“ од Кочани во неделата на потегот под Осоговскитѕе планини се идржа годинешната втора по ред трка „Гратче Треаил 2025“.
Иако временските услови не им беа наклонети сепак на стартот се појавија 235 натпреварувачи од Македонија.

Годинава патеката беше во должина од 19 километри со висинска разлика од 850 метри, стартот на трката беше од СРЦ „Бавчалук“ а натпреварувачите трчаа кон селата Црвена Нива и Лешки со спуштање кон водопадот на Голема река а од таму по патеката се трчаше кон локалитетот „Мактеон“ кој се наоѓа под селото Горно Гратче, од каде пак имаше спуштање до круната на Браната „Гратче“ за да финишот повторно биде во СРЦ „Бавчалук“.


Организаторите освен наградеите за првопласираните тројца натпреварувачи во машка и во женска конкуренција, годинава додели и две посебни награди, за „Најмлад учесник Диме Димитријев“ и за „Највозрасен учесник Ѓорѓи Величков“ кои годинава трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Инаку годинава најуспешна во женска конкуренција беше Марија Пеликон која зад себе ги остави Тамара Петреска и Мери Шорова, додека во машка конкуренција на првото место на пиедесталот се искачи Ибраим Мамудов кој трката ја заврши пред Борче Христов и Златко Николов.

Целиот настан беше збогатен и со забавен дел за кој се погрижија ДЏ Ацко како и локалните музички состави, младата женска рок група „Немеза“ и „Special Selection Band“.

Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ од Кочани и овој пат се покажа како достоен организатор, бидејќи трката помина без ниту една грешка.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
