ИНТЕРЕСЕН И ЗАБАВЕН ДЕН ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ КАКО ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА „ПЕТРОВДЕН 2022“

јули 10, 2022
1 минути

Втора интернационална берза на винили, Pромоција на книга: „Хрватски панк и Нови вал 1976 – 1987“ / Винко Барич – Хрватка, ДЈ сетови: Винко Барич – Хрватска / Зоран Цекиќ – Србија / Тошо Филиповски, Изложба: „Македонската рок музика на насловните страници на печатените медиуми“, Изложба: „Нови талас – Деца Социјализма“ – Зоран Кардула, Изложба на стрип табли „Барокни Човјек“ – Винко Барич, Хрватска, Концерти: Напорно Суисајд – Хрватска, Аксидентал Рајд, Хајка, ЛАСТ  ЕКСПЕДИШН, се настаните кои се одржаа во „Паркот на слободата“ во Кочани а кои се дел од годинешното празнување на градот „Петровден“.

Добро организираниот ден привлече голем број граѓани да дојдат и да ги посетат настаните, а имаше и што да се види, имаше по нешто за сечии вкус.

Настаните кои ги одбележаа вчерашниот а посебно денешниот ден навестуваат едно убаво чествување на годинешниот Петровден.

С. Ивановски