По повод 3 Декември, Денот на лицата со попреченост, Општина Кочани организира хуманитарен културно-забавен настан под мотото „Без бариери“.
Во програмата што ќе се одржи во салата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, на 1 декември (петок), во 10:30 часот, ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта.
Овој настан е со донаторска цел – да се приберат средства за набавка на помагало за движење по скалишниот простор во СОУ „Гошо Викентиев“.
Општина Кочани ги повикува сите правни и физички субјекти да се вклучат со свое учество во донаторската акција и да им помогнат на учениците кои имаат тешкотии со пристапот до училишните простории.
Средствата од оваа донаторска акција ќе ги прибира Црвен крст Кочани. Готовина може да се донира на самиот настан, а уплатата може да се врши на сметката на ОО Црвен крст – Кочани: 270040487680189, Халк банка.
Донаторите ќе бидат промовирани на денот на поставување на помагалото во СОУ „Гошо Викентиев“.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ