ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – КОЧАНИ

октомври 26, 2023
1 минути

Почитувани медиуми ,

Би сакале да ве известиме дека денес ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани започнува со реализирање на проектот GAME EDU , проект од ЕРАЗМУС+ програмата во кој учествуваат училишта , Општини и Невладини организации од Р.Северна Македонија , Р.Бугарија и Р.Грција. Денес и официјално во Хотел АМОР се потпиша договорот за соработка помеѓу носителот на проектот Општина Брацигово од Р.Бугарија , ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани и останатите учесници во овој проект.

Водечки партнер на проектот е Општина Брацигово – Брацигово, Р. Бугарија.

Проектот е со времетраење од две години и започна со реализација од 01.09.2023 година и ќе трае до 31.08.2025година.

Целта на проектот е да се развиат едукативни игри кои ќе овозможат на поефикасен и поинтересен начин да се совладува  предвидената наставна програма по предметите – англиски јазик, математика и природни науки. Сетот на едукативни игри ќе бидат интересни за сите ученици, но посебно ќе се однесуваат на ученици кои послабо напредуваат и имаат послаби постигнувања во учењето. Со овој проект ќе се промовира методата „Учење преку игра“.

Проектот има за цел да ја подобри наставната практика преку зближување на наставниците од различни региони, да им овозможи да соработуваат и разговараат за различните начини на учење со имплементирање на нови стратегии и образовни методологии на претходно споменатата тематика.

Преку овој проект, наставниците и учениците ќе ги надградат своите дигитални вештини, развивајќи знаења и компетенции за користење на компјутерски технологии.

Со почит

Даниел Кралев

Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ