„После три години си дојдовме во родниот крај да ги посетиме најблиските, Пандемијата не спречи две години да не си доаѓаме а една година и обврските на работното место не дозволија да се видиме со најблиските. И како што обично бива решивме да ги посетиме и градските гробишта за да запалиме по една свеќа за оние кои не се помеѓу нас а ни значеа во животот. А таму хорор филм, патеките обраснати со трева да го е страв човек да минува, расфрлано ѓубре на сите страни е тоа што не разочара. Па и починатите заслужуваат внимание си велам во себе“ ми го раскажа вчерашниот ден еден мој пријател додека пиевме кафе а се сретнавме по повеќе од пет години.
Кога му кажавме дека со секоја сметка семејствата плаќаат и за одржување на градските гробишта го оставив без текст.
Ми вети дека и денес ќе отиде и ќе ми испрати фотографии за да ме увери во она што ми го кажа.
С. Ивановски