IN MEMORIJAM

ноември 5, 2025
1 минути

Денес фудбалско Кочани загуби уште еден од генерацијата легендарни фудбалери. Денес во 82-рата година од животот  почина Гоше Лазаров – Рогче.

Постарите љубители на фудбалот посебно симпатизерите и навивачите на „Осогово“ ќе го паметат како еден од легендарните десни бекови кој во седумдесеттите години беше незаменлив играч и главна алка во одбраната.

Нашиот Рогче замина, но остави убави спомени на кои ние секогаш ќе се сеќаваме.

Вечна ти слава Рогац, царство небесно фудбалска легендо.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ